Баерн без Нојер на гости кај Аталанта

Капитенот и голман на Баерн Минхен, Мануел Нојер, најверојатно ќе го пропушти првиот дуел со Аталанта. Нојер го напушти теренот на полувремето во победата на Баерн над Борусија Менхенгладбах, а денес има информации дека клубот нема да ризикува сериозна повреда.

Се поизвесно е дека Јонас Урбиг ќе биде на голот против Аталанта. Освен Нојер, Алфонсо Дејвис и Хироки Ито ќе го пропуштат патувањето кај Аталанта, додека Хари Кејн ќе се врати, кој го пропушти последниот натпревар поради полесна повреда.

Натпреварот Аталанта – Баерн Минхен е закажан за вторник во 21:00 часот, реваншот е осум дена подоцна на „Алијанц Арена“, а се очекува првиот голман и капитен да бидат подготвени тогаш. 

Се вчитува...