Баерн Минхен ќе биде значително ослабен за утрешното гостување против Хофенхајм откако беше обелоденето дека тројца стандардни првотимци нема да му бидат на располагање на Карло Анчелоти за овој натпревар. Мануел Нојер се уште е повреден, а Анчелоти не сака да го ризикува пред дуелот од ЛШ со Баерн Минхен. Згора на тоа, за време на триумфот со Аугсбург повреда заработи Томас Милер, па германскиот репрезентативец ќе ја пропушти утрешната средба.
Тијаго Алкантара не е повреден, но стручниот штаб на чело со Анчелоти реши да му даде два слободни дена на Шпанецот за да може максимално подготвен да ги дочека наредните пресметки, најпрвин дербито со Борусија Дортмунд, а потоа и пресметката со Реал Мадрид во ЛШ.
Добра вест за баварците е што шпанските интернационалци Хави Мартинез и Чаби Алонсо против Аугсбург ја одлежаа суспензијата, па ќе се вратат во стартниот тим за пресметката со Хофенхајм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА