Германскиот првак Баерн Минхен го доведе Хрватот Иван Перишиќ на позајмица од Интер, но посакува да ангажира уште едно звучно засилување до крајот на преодниот рок. Погледите на раководството се насочени кон „Камп Ноу“, а многу работи ќе зависат и од евентуалниот трансфер на Нејмар.
Баерн Минхен посакува офанзивно засилување и во опција се Фелипе Кутињо или Осман Дембеле. Доколку Кутињо замине во ПСЖ како дел од враќањето на Нејмар во Барселона, тогаш Баерн Минхен ќе се фокусира на Осман Дембеле. Баварскиот клуб има подготвено околу 70 милиони евра за да ангажира уште еден квалитетен играч до крајот на летниот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА