Баерн денеска потпишува со врвен поентер

Баерн Минхен денеска ќе го комплетира трансферот на Скоти Вилбекин, извонредниот поентер кој вчера го раскина договорот со Фенербахче, а веќе ќе се пресели во нова евролигашка екипа.

Баварците доведоа неколку засилувања во текот на оваа сезона, едно од нив беше и нашиот Ненад Димитријевиќ кој дојде на позајмица од Зенит, но раководството на клубот со потписот на Вилбекин добива значаен адут и за наредните две години.

32-годишниот поентер има и турски пасош и до пред неколку години настапуваше за оваа репрезентација. Вилбекин беше член на Фенербахче од 2022 година, но честите тешки повреди придонесоа тој предолго да биде надвор од натпреварувачки ритам. Американецот во последните месеци беше „фит“, но не добиваше преголема шанса да се докаже кај Јасикевичиус, што беше причина да побара и да добие раскин на договорот со Фенер, пред да се пресели во Баерн.

Се вчитува...