Лајпциг и Баерн Минхен ремизираа (1-1) во дербито на 4. коло од германската Бундеслига. На тој начин, Лајпциг ја задржа предноста од два бода во однос на Баерн на врвот од табелата.
Баерн прв поведе со голот на Левандовски уште во 3. минута од натпреварот.
Но, домашните израмнија со голот од пенал на Форсберг во 45. минута.
Во второто полувреме мрежите мируваа за конечни 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА