Баерн Минхен е во потрага по напаѓач за идната сезона, а изборот е голем. Сепак, „прв пик“ на Баерн Минхен е Душан Влаховиќ од Јувентус, но очигледно е дека германскиот првак ќе мора да се сврти кон друга мета со оглед дека италијанскиот тим два пати му даде „корпа“ на тимот од Минхен за Србинот.
Според медиумите, Баерн најпрво понудил 50 милиони евра плус бонуси, но таа понуда била одбиена. Втората била за 10 милиони повеќе, но и тоа не беше доволно. Наводно, Јувентус не отстапува од сумата од 90 милиони евра која ја бара за својот напаѓач, со оглед дека го плати 82 на Фиорентина пред година и пол.
Сепак, Јувентус може да прифати и помала понуда, со оглед на фактот дека се соочуваат со финансиски проблеми после одземените бодови и неможноста да играат во ЛШ.
Останува да се види дали ќе има „трета среќа“ за Баерн, или тимот од Минхен ќе се одлучи да тргне по друга мета. Втора нивна варијанта е Коло Муани од Ајнтрахт Франкфурт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА