Баерн Минхен првпат сезонава покажува знаци на мини-криза откако актуелниот првак врза две средби без победа. Откако во минатото коло беше шокиран на домашен терен од Аугсбург, тимот на Винсан Компани вечерва ремизираше 2-2 на гостувањето со Хамбургер.
Домаќините први поведоа, но Баерн експресно израмни преку Хари Кејн. Луис Дијаз влезе во игра на самиот старт од второто полувреме и по нецела минута игра погоди за 1-2 и се чинеше дека Баерн ќе има лесна задача да ја сочува предноста.
Сепак, Хамбургер покажа карактер, не се предаде и преку Хрватот Вушковиќ стигна до ново израмнување, што се покажа доволно за да се освои и голем бод против актуелниот шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

