И покрај поразот од 1-0 во Рим, шансите за Баерн Минхен да се пласира во следната фаза од Лигата на шампионите беа големи. И натаму „Баварците“ беа фаворити, и таа улога ја оправдаа благодарение на убедливата победа. Избраниците на Томас Тухел имаа проблеми до првиот гол, а потоа кога успеаја да дојдат во предност, целосен распад на Лацио за убедлив триумф на германскиот тим, и пласман во 1/4 финалето. После долго време, се виде вистинската сила на Баерн Минхен.
Лацио пропушти можности да се оближи до 1/4 финалето преку Имобиле во 37. минута кога промаши од 5-6 метри со глава, а потоа следуваше казна на другата страна.
Кејн најдобро се снајде во гужвата, и го совлада Проведел за предност на „Баварците“. Пред самиот финиш од првиот дел и Милер со гол ја зголеми предност за „Баварците“.
Во второто полувреме Кејн повторно немилосрден кон „лацијалите“ за предност од 3-0. Баерн можеше да слави и поубедливо, но и стативата ги спасуваше Италијанците, откако се обиде Милер.
Со оваа победа Томас Тухел барем за момент си „купи мир“, откако му се закануваше отказ при евентуална елиминација од ЛШ, затоа што за Баерн ова е единствениот трофеј кој може да го освои.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА