Баерн Минхен одигра уште еден одличен меч, декласирајќи го на гостински терен Штутгарт со преубедливи 0-5. Компани дури можеше да го земе тој луксуз да го остави на клупата Хари Кејн, па англискиот голгетер максимално мотивиран влезе во 61. минута и до крајот на мечот успеа да постигне хет-трик.
Баер Леверкузен врза два пораза во серија губејќи со 2-0 на гостувањето против Аугсбург, меч на кој домаќините двата гола ги постигнаа во првите 28. минути преку Јанулис и Каде.
Волфсбург ја прекина серијата слаби игри со победа над Унион Берлин од 3-1, додека Хајденхајм со гол во последните секунди успеа да слави над Фрајбург со 2-1.
Резултати Германија:
Хајденхајм – Фрајбург 2-1, Келн – Сент Паули 1-1, Штутгарт – Баерн М. 0-5, Волфсбург – Ун. Берлин 3-1, Аугсбург – Баер Л. 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

