Баерн Минхен дојде до четвртата победа во Бундеслигата, откако на гостински терен го совлада до денеска непоразениот тим на Вердер со убедливи 0-5. Со тоа за само неколку дена „Баварците“ постигнаа 14 голови, откако во вторникот го „уништија“ Динамо Загреб со 9-2 во ЛШ.
Победникот беше решен практилно во првиот дел, откако Олисе во 23 минута погоди, а потоа Мусиала во 32 минута зголеми на 0-2.
Во вториот дел Кејн во 57 минута зголеми на 0-3, па повторно Олисе се погрижи за 0-4, а Гнабри во 65 минута ја заокружи „петардата“.
До гостинска победа дојде и Фрајбург, кој со 0-3 го победи Хаденхајм, а Унион Берлин го совлада Хофенхајм со 2-1. Бохум без Агон Елези во составот одигра нерешено 2-2 со Кил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА