Баерн Минхен од самиот старт на новата сезона покажа дека ќе биде страв и трепет за ривалите во Бундес-лигата откако во првото коло го декласираше Лајпциг со преубедливи 6-0. Баварците создадоа повеќе од десет стопроцентни шанси, а само поради голманот Гулаши и неколкуте негови одлични интервенции победата на шампионот не беше уште поубедлива.
Се почна со погодокот на Олис, кога Французинот со силен удар од десетина метри ја затресе мрежата на Лајпциг – прв гол во сезоната 2025/26 во Бундес-лигата. Луис Дијаз го круниса одличного бундеслигашко деби со прекрасен погодок, по што Олис даде уште еден гол и на одмор се замина со 3-0.
Второто полувреме мина во знакот на Хари Кејн, англискиот ас беше незапирлив за гостинските дефанзивци и постигна хет-трик, за преубедливи 6-0 за Баерн на овој натпревар.
Очекувано, Елиф Елмас не се најде ниту меѓу резервите на Лајпциг на „Алијанц Арена“ додека неговиот клуб преговара со Наполи и со Рома за враќање на македонскиот репрезентативец назад во „Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

