Баерн Минхен стигна до билет за полуфиналето од Купот на Германија откако славеше во вечерашната пресметка со Лајпциг со резултат 2-0.
Баварците имаа и многу среќа на патот до победата, ако се знае дека Лајпциг поведе на самиот почеток, но погодокот на Баумгаартнер беше поништен со ВАР. Гостите потоа имаа неколку добри ситуации, а нецела минута пред пеналот за Баерн од идеална позиција за затресоа гредата од голот на Нојер.
Во продолжението на истата акција Баерн доби заслужен пенал за прекршокот над Станишиќ, Кејн беше прецизен од белата точка, а штом Лајпциг се отвори, баварците набрзина постигнаа и втор гол преку Луис Дијаз.
Германскиот првак потоа рутински ја сочува предноста до крајот, па сега е на два чекори до освојување на куп-трофејот во натпреварувањето од кое неочекувано испаѓаше во раните во последните неколку сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

