Напаѓачот на Баерн, Хари Кејн заработи повреда на вчерашниот меч против Селтик во реваншот од плеј-офот во Лигата на шампионите, кој заврши 1-1, и така „Баварците“ со вкупни 2-1 се пласираа во следната фаза.
Малку недостасуваше Баерн да биде шокиран откако гостите имаа предност се до последната минута кога со многу среќа Дејвис успеа да израмни. Сепак, покрај играта, сите беа загрижени и за повредата на Кејн, кој најверојатно ќе го пропушти следниот меч со Ајнтрахт Франкфурт во Бундеслигата.
„Ќе направиме преглед, и ќе видиме. Не сум сигурен дека ќе можам да играм против Ајнтрахт. Како што стојат работите во овој момент, поблиску сум да паузирам, отколку да играм“, рече Кејн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

