Баерн ги договори сите детали со Чави Симонс, на ред е договор со ПСЖ

Баерн Минхен ги договори сите детали околу соработка со холандскиот репрезентативец Чави Симонс и сега следат разговорите со ПСЖ како би го реализирал трансферот на 21-годишниот офанзивец.

Симонс е под договор со ПСЖ до јуни 2027 година. Изминатава  сезона играше на позајмица во Лајпциг, а сега е пред преселба во редовите на Баерн.

Германските медиуми пренесуваат дека агентите на Симонс ги договориле сите детали со Баерн, а се очекува ПСЖ да не прави проблеми околу трансфетот на Холанѓанецот.

Се вчитува...