Баерн Минхен на доминантен начин славеше со 6-0 на дербито против Борусија Дортмунд што се одигра на „Алијанц арена“. Тимот на Јуп Хејнкес ги нокаутира „милионерите“ во првото полувреме постигнувајќи пет гола во првиот дел, а потоа како да се смилува на гостите од Дортмунд, па во вториот дел уфрли само уште еден.
Рапсодијата на Баерн Минхен ја започна Роберт Левандовски со гол уште во петтата минута, а потоа стрелаа и Хамес Родригез, Томас Милер, повторно Роберт Левандовски и Франк Рибери.
Мрежата на „милионерите“ беше преполна, а баварците не инсистираа на иста игра во вториот дел. Пред крајот, Роберт Левандовски постигна уште еден свој погодок, за да комплетира хет – трик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА