Некогашниот спортски директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ силно посакуваше во германскиот првак да го види Калум Хадсон-Одои. Играчот на Челси тогаш вредеше 70 милиони евра, и Баерн беше подготвен да ја плати таа сума. Меѓутоа овој фудбалер сега вреди многу помалку, и за „ситно“ оди во градскиот ривал Фулам.
Хадсон-Одои е по потекло од фудбалската школа на „сините“, и сега треба да биде замена за Вилијан, кој го напушта Фулам. Така 22-годишниот фудбалер ќе оди на „Кревин Котиџ“.
Неговата вредност во моментов се проценува на 15 милиони евра, но се претпоставува дека би можел овој трансфер да чини и помалку, односно околу 10 милиони, што е за неверојатни седум пати помалку од она што Баерн беше подготвен да го плати пред две години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

