Баерн Минхен осигура важен потпис за иднината откако денеска потпиша нов договор со Матис Тел, со важност до 30 јуни 2029 година. Младиот Французин пристигна на 18-годишна возраст од редовите на Рен во 2022 година. Тој сезонава добива повеќе шанси да ги докаже квалитетите и секогаш кога ќе влезе на теренот внесува свежина во навалната линија на баварскиот гигант, што беше причина да бидат почнати преговори за продолжување на соработката.
Иако актуелниот договор му истекуваше во 2027 година, баварците инсистираа со зголемување на платата и продолжување на соработката за уште две години да го задржат Тел на „лијанц Арена“.
„Овој нов договор ми значи толку многу. Веќе научив многу работи, во Баерн, на теренот и надвор од него. Минхен е домот за мене и за моето семејство, ја чувствувам поддршката од навивачите. Кога играш за Баерн Минхен, сакаш да го освоиш секој трофеј и јас не сум исклучок. Желба мие е да играм со срце, да постигнам што повеќе голови и асистенции и да дадам се од себе бранејќи ги боите на Баерн Минхен“, изјави Тел по потписот на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА