Баерн Минхен осигура многу значаен потпис откако денеска и официјално беше продолжена соработката со Винсен Компани, белгискиот стратег кој врши одличнна работа откако пристигна на кормилото на баварскиот гигант.
Актуелниот договор истекуваше во јуни 2027 година, но челниците беа презадоволни од ангажманот на поранешниот капитен на Манчестер Сити, кој прераснува во тренер од највисок калибар. Во ситуација кога Баерн е единствениот тим од Топ 5 лигите со максимални 11 победи на првите 11 средби во сите натпреварувања, преговорите за нов договор беа интензивирани во изминатиот период и резултираа со продолжување на соработката до јуни 2029 годиа.
„Благодарен сум и голема чест ми е што Баерн Минхен ми ја укажа довербата да бидам тренер на овој голем клуб. Сакам јавно да се заблагодарам за поддршката што ја чувствувам од првиот ден кога дојдов овде. Досега беше одлично искуство, среќен сум за новиот договор и што оваа соработка ќе продолжи уште подолго. На почеток сме на една прекрасна авантура, ајде да работиме напорно и да славиме уште поголеми успеси“, изјави Компани по потписот на новиот договор.
„Продолжениот договор на Компани е јасен знак за довербата што ја имаме како клуб во овој треер, за работата што ја сработи досега, но и за желбата за континуирани успеси и стабилност. Тој ја има поддршката од играчите, директорите и авивачите, секако дека сме пресреќни што ја продолжуваме соработката“, истакнна претседателот Хербер Хајнер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

