Репрезентативецот на Германија, Леон Горецка, ќе биде новото засилување за Баерн Минхен, но ќе пристигне на „Алијанц арена“ идното лето. Играчот за врска беше желба на многу клубови, а со оглед на тоа дека договорот му истекува 2018 година, Шалке се надеваше дека ќе заработи од неговиот трансфер. Сепак, Баерн Минхен не сакаше да дозволи некој друг клуб да му го земе Германецот.
Горецка ќе одигра уште една сезона за тимот од Гелзенкирхен, а потоа се сели во Минхен, каде треба да го пополни местото на сега веќе пензионираниот Чаби Алонсо. Шампионот на Германија не е задоволен со само еден трофеј од оваа сезона, па сериозно се подготвува за следните предизвици. Трансферот на Алексис Санчез е во завршна фаза, а пристигнуваат и Никлас Суле и Себастијан Руди од Хофенхајм, исто така без отштета. Анчелоти и раководството не губат време за рекунструкција, а до крајот на летниот преоден рок се очекуваат уште неколку нови имиња во редовите на клубот од Баварија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА