Баерн го донесе промашеното засилување на Реал Мадрид

Баерн Минхен ја заврши потрагата по нов десен бек откако успешно ги финишираше преговорите со Реал Мадрид за ангажман на Алваро Одриозола. Шпанскиот дефанзивец беше донесен во Мадрид од страна на Хулен Лопетеги, но не се снајде најдобро во таборот на „кралевите“, остана во сенка на Карвахал, па сега му беше дозволено и да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Баерн се соочи со проблем на позицијата десен бек откако Кимих беше прекомандуван во средниот ред, а Павар многу подобро се снајде како централен дефанзивец отколку по десната страна. Баварскиот гигант се интересираше и за Семедо, но по негативниот одговор од Барселона го насочи вниманието кон Одриозола, експресно наоѓајќи заеднички јазик со „кралскиот клуб“.

Новото засилување до крајот на денот ќе пристигне во Минхен, а по деталните лекарски прегледи утре и официјално ќе потпише договор со првакот на Бундес-лигата. Тој ќе настапува за Баерн како позајмен играч, а баварскиот гигант на крајот од сезонава ќе има можност целосно да го откупи неговиот договор со Реал.

Се вчитува...