Баерн го изгаси „пеколот“ во Истанбул, Интер со „минималец“ над Салцбург (ВИДЕО)

Одличен натпревар во Истанбул одиграа Галатасарај и Баерн Минхен. Во пеколна атмосфера и во меч со многу шанси, на крајот радост за германскиот шампион, благодарение на головите во вториот дел.

Галатасарај во целина беше многу подобар противник од германскиот гигант, но кога не успеа да ги искористи шансите, следуваше казна во вториот дел. Неверојатен е податокот дека Галата упати неверојатни 20 удари, од кои само четири беа во рамките на голот на Улрајх.

Кингсли Коман во 8. минута го замолкна Истанбул и го днесе Баерн во водство. Израмни Икарди од пенал со „паненка“, откако Кимих стартуваше над него. Долго време Галата го бараше патот до водство, но не го најде, а потоа казни Хари Кејн по гужвата во шеснаесетникот на домашниот тим. Во 80. минута и Мусиала успеа да го совлада Муслера, и да стави потврда на победата.

Ова беше и крај на серијата на Галатасарај, кој 17 натпревари беше без пораз во сите натпреварувања, со само три нерешени резултати.

Интер дојде до втората победа во групната фаза во Лигата на шампионите, откако го совлада тимот на Салцбург минимално со 2-1. Алексис Санчез во 19. минута донесе предност, Глоук во 57 минута донесе израмнување. Чалханоглу од пенал во 64. минута го поведе Интер до нов триумф.

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...