Баерн Минхен со седум гола против Салцбург, и победа од 7-1, се пласираше во 1/4 финалето во Лигата на шампионите. „Баварците“ ја оправдаа улогата на фаворит, и уште на полувремето ја решија работата кога имаа 4-0.
Левандовски од пенал во 12. минута го отвори резултатот, а истиот играч исто така од пенал во 21. минута зголеми на 2-0. Две минути подоцна од игра погоди Полјакот, а потоа Гнабри во 31. минута зголеми на 4-0.
Милер во 54. минута донесе и 5-0. Кјергард во 70. минута намали на 5-1, потоа Милер за 6-1, и Сане стави точка на мечот и убедлив триумф за пласман меѓу најдобрите осум.
Првиот меч меѓу овие два тима заврши 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

