Баерн Минхен стигна до убедлива победа од 1-5 на гостувањето против Борусија Менхенгладбах во 24. коло од Бундеслигата, по која се израмни на врвот од табелата со Борусија Дортмунд.
Баварците лесно дојдоа до трите бода навестувајќи го триумфот уште по првите 11 минути игра со головите на Мартинез и Милер.
Менхенгладбах успеа да постигне погодок преку Штиндл во 37. минута, а во второто полувреме следеа уште три гола на Баерн Минхен. Левандовски во 47. минута и Гнабри во 75. минута донесоа 1-4, а Левандовски со својот втор гол, од пенал, во финишот заокружи на 1-5.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА