Кошаркарите на Партизан полека, но сигурно го губат чекорот кон пласман во плеј-инот во кошаркарската Евролига.
Белграѓани вечерва загубија на гостински терен кај Баерн Минхен со 89-74. Едвардс со 25 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Карлик Џонс постигна 19 поени.
Димитријевиќ повторно имаше мала минутажа во поразот на неговиот Милано на домашен терен од Барселона (88-98). Нашиот кошаркар одигра нешто помалку од две минути во кои не се запиша во листата на стрелци.
Во останатите два меча од денешната понуда: АСВЕЛ – Жалгирис 88-79 и Олимпијакос – Милано 77-80.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА