Баерн Минхен ја изненади германската фудбалска јавност откако утрово обелодени дека е комплетиран трансферот на Серж Гнабри од редовите на Вердер. Крилниот офанзивец минатата седмица најави заминување од Вердер, по што Хофенхајм важеше за апсолутен фаворит за негов потпис, но екс-фудбалерот на Арсенал сепак ја прифати понудата на баварскиот гигант. Отштетата од осум милиони евра се чини како одлична инвестиција за Баерн во еден од најперспективните млади германски фудбалери.
„Пред мене е возбудлив период како играч на Баерн. Со нетрпение го очекувам стартот на оваа авантура“ – изјави Гнабри при потписот на тригодишниот договор.
Брзоногиот офанзивец, кој ќе настапи за Германија на претстојното Европско Првенство за млади во Полска, се соочува со огромна конкуренција за место во тимот со оглед на фактот дека Баерн на неговата позиција веќе ги има Робен, Рибери и Коман, како и Даглас Коста за кого се најавува дека летово
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА