Баерн губеше па го демолираше Лајпциг

Баерн Минхен ја продолжи победничката низа во Бундеслигата откако во 18. коло славеше на гостувањето кај Лапциг со 1-5 и тоа по голем пресврт.

Домаќините првото полувреме го завршија со предност од еден гол откако мрежата ја затресе Кардосо во 20. минута, но работите потполно се променија во вторите 45. минути.

Гнабри во 50. минута изедначи на 1-1, Кејн во 67. минута донесе целосен преврт, Тах во 83. минута ја зголеми предноста на 1-3, а Павловиќ и Олисе со головите во 85. и 88. минута се погрижија за убедлив триумф.

 

Се вчитува...