Екипата на Баерн Минхен е заинтересиран за 21-годишниот играч на Брајтон, Карлос Балеба. Играчот од средниот ред е опција за „Баварците“ за летото 2026 година.
Камерунскиот репрезентативец е желба и на Манчестер Јунајтед за идното лето, но Баерн сака да го потпише на местото на Леон Горецка.
Сепак, високите барања на Брајтон се проблем за сите заинтересирани клубови. Премиерлигашот бара огромни 85 милиони евра за неговите услуги, и тоа може да го одврати во намерите најголемиот германскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

