Баерн и Сити си разменуваат играчи од одбраната

Баерн Минхен е на добар пат да го потпише Кај Вокер од Манчестер Сити. Наводно Англичанецот ги договорил сите услови за премин во Минхен, и сега останува само клубовите да се договорат.

Манчестер Сити, пак, како негова замена го гледа играчот на Баерн Минхен, Бенџамин Павар. Павар наводно е трансферна цел на „граѓаните“ како замена за Вокер, но и добро би се вклопил во стилот на игра на Сити, со оглед дека Гвартиола не игра со класични бекови, туку со стопер бек или бек како крило.

Наводно двата клуба разговараат за можна размена, односно Вокер и пари за Павар да се пресели во таборот на европскиот првак.

Се вчитува...