Баерн Минхен стори се што можеше за да стигне до потписот на Флоријан Вирц, но откако германскиот репрезентативец реши да се пресели во Ливерпул баварскиот гигант беше принуден погледите да ги насочи кон останатите опции во пазарот.
Не мина многу време, а веќе е најавено дека Баерн има конкретен „план Б“, што би требало да го реализира во следните десетина дена. Баварците се подготвени да тргнат на шопинг во Брајтон, со цел да го осигураат потписот на Каору Митома. Одличниот јапонски офанзивец е играч за кого тренерот Компани има исклучително високо мислење, a истовремено е и многу поевтина варијанта од Вирц.
Се очекува трансферот на Митома да не ја надмине границата од 50 милиони евра, а и самиот Јапонец ќе има три пати пониска плата од оние 12 милиони евра годишно што му беа нудени на Вирц.
Митома утре ќе настапи за Брајтон во последното коло од Премиер-лигата, по што се очекува да бидат интензивирани преговорите за трансфер, се со цел Јапонецот да може да заигра за Баерн и на клупскиот мундијал што ќе стартува на средината од месец јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

