Баерн Минхен го очекува тешка битка за титулата во Бундес-лигата, а тренерот Флик и управата имаат јасна цел за зимскиот преоден рок. Ангажман на нов десен бек ќе биде приоритет за баварскиот гигант, поради инсистирањето на Флик германскиот репрезентативец Кимих да се пресели во средниот ред, а Павар од десен бек да се прекомендува во срцето на одбраната.
Решението е принудно, откако Зиле и Хернандез заработија тешки повреди, па Флик има огромни проблеми да ја состави последната линија со Боатенг, кој игра во очајна форма во изминатите две сезони.
Баварците имаат две опции, првата е Кансело, кој не ги оправда очекувањата во Манчестер Сити и е достапен за трансфер. Втората е Хенрикс од Монако, за кого сериозен интерес покажува и Лајпциг. Едно е јасно, германскиот првак ќе биде активен во претстојниот преоден рок, јасно е дека мора да се реагира откако по 16 кола Баерн се наоѓа на третото место со четири бода заостанување зад водечките Лајпциг и Борусија Менхенгладбах.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА