Баерн Минхен ја осигура новата шампионска титула, а најзаслужен без конкуренција е тренерот Ханси Флик. Германскиот стручњак пристигна на местото на Нико Ковач во период кога атмосферата во тимот беше сериозно нарушена, но не само што успеа да најде лек и да го разбуди тимот, туку и влезе во серија што досега е незапаметена во историјата на баварскиот гигант.
Баерн под водство на Флик забележа победи на последните 15 средби што ги одигра во сите натпреварувања (11 во Бундес-лигата, три во Купот на Германија и една во ЛШ), уривајќи го досегашниот рекорд на Пеп Гвардиола.
Воедно, Флик е без пораз на последните 24 натпревари од 11 декември се до ден денеска, бележејќи 23 победи и само едно реми (на домашен терен со Лајпциг), со што ја израмни најдолгата серија без пораз во клупската историја, рекорд што досега му припаѓаше само на Гвардиола.
Севкупниот скор на Флик како тренер на Баерн изнесува 27 победи, едно реми и два порази, со 90 постигнати и само 20 примени погодоци, тимот ја одбрани титулата во Бундес-лигата, стигна до финалето во Купот на Германија, а се наоѓа и на чекор до четвртфиналето од ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

