Баерн Минхен дојде до нова победа во Бундеслигата, со која се зацврсти дополнително на првото место на табелата. Сепак, овој триумф беше сериозно предупредување за „Баварците“ кои иако имаа 3-0, на крајот мораа добро да се намачат да дојдат до победата, со оглед дека гостите од Франкфурт дојдоа до 3-2, а во финишот се обидоа да избегнат пораз, и за среќа на домашната публика не успеаја.
Павловиќ во 16. минута првпат го израдува Минхен, а потоа на сцена стапи Хари Кејн. Гол во 20. минута за предност од 2-0, и после во 68. минута за 3-0. И кога се чинеше дека Баерн лесно ќе дојде до нова победа, Буркард од пенал во 77. минута намали, а Калимуендо ја искористи огромната грешка во одбраната и намали, но немаше сили за нешто повеќе од дуелот со најтрофејниот германски клуб.
Унион Берлин го шокираше тимот на Баер Леверкузен и го победи со 1-0 со голот на Рами Кедира во 28. минута од средбата.
Келн и Хофенхајм одиграа нерешено 2-2, додека Агзбург со 3-2 го совлада тимот на Волфсбург, со два гола во финишот од мечот.
МАГИЈА СО НОЖИЧКИ: Го имаме голот на сезоната во Бундеслигата (ВИДЕО)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

