Поранешниот хрватски репрезентативец Нико Ковач е изборот на раководството на Баерн Минхен за нов тренер на баварскиот гигант, функција на која 46-годишниот Ковач ќе го наследи Јуп Хејнкес.
Хрватот има одлични резултати на клупата на Ајнтрахт Франкфурт, што беше препорака да биде сериозен кандидат за оваа одговорна функција. Прв „пик“ на баварскиот гигант беше Томас Тухел, но откако тој ги одби за да се пресели во ПСЖ челниците на Баерн го избраа Ковач за нов предводник.
Информацијата вечерва прва ја одби телевизијата „Спорт1“, по што ја пренесоа речиси сите германски медиуми, а официјализацијата се очекува во следните неколку дена.
Нико Ковач и како фудбалер има настапувано за Баерн Минхен, играјќи 34 натпревари за оваа екипа во периодот од 2001 до 2003 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА