Баерн Минхен има намера да го ангажира играчот од средниот ред на Ајакс, 19-годишниот Рајан Гравенберх. Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ бил во Амстердам за време на натпреварот Ајакс – Бенфика да го гледа играчот.
Според информациите, Баерн веќе ја подготвува првата понуда од 25 милиони евра. Ајакс за неговите услуги бара 10 милиони повеќе.
Во 25 меча сезонава, Гравенберх има 2 гола и 5 асистенции. Покрај Баерн, за него се интересираат и Манчестер Јунајтед и Реал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

