Баерн Минхен попладнево ја потврди лошата вест поврзана со здравствената состојба на Џамал Мусиала, откако германскиот репрезентативец заработи тешка повреда на синоќешниот дуел против ПСЖ.
Мусиала има скршеница на левата нога и изместување на скочниот зглоб, ќе мора да биде опериран, по што ќе бидат познати повеќе детали околу темпото на рехабилитација. Она што во моментов е јасно – германскиот репрезентативец го очекува долга пауза од терените, најмалку до крајот на оваа календарска година.
„Оваа повреда е многу сериозна и долгата пауза е голем шок, за сите нас и секако за Џамал. Ова е огромен удар за Баерн, бидејќи сите знаат колку важен играч е Мусиала за нашата екипа. Многу ни е жал бидејќи тој штотуку се врати по една незгодна повреда, за сега да заработи нова уште посериозна. Она што е сигурно, ние сме тука за Мусиала, ќе ми дадеме целосна поддршка и ќе му овозможиме се што е неопходно за да се врати уште посилен на терените“, изјави спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

