Хрватскиот интернационалец Јосип Станишиќ, зад себе имаше одлична сезона во Баер Леверкузен. Тој во овој клуб дојде како позајмен од Баерн Минхен, и успеа да испише историја со „фармацевтите“.
Крајот на сезоната го дочека како првак, а интересно е тоа што стрелаше против својот клуб Баерн во дербито. Исто така погоди на некои важни мечеви (како против Борусија Дортмунд во 97 минута) и донесе неколку клучни бодови во битката за титулата.
Тој сега изјави дека се враќа во Баерн Минхен.
„Мојата иднина? Можам само да кажам дека мојата позајмица истекува, и дека сум играч на Баерн Минхен, со кого имам договор. И додека бев во Леверкузен, цело време бев во контакт со челниците на Баерн, кои ми честитаа на мојот успех“, изјави Станишиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА