Ренато Санчез ќе стави крај на кошмарот во Баерн Минхен отако конечно му беше прифатено барањето да биде дозволен трансфер. Лил ќе биде новиот клуб на португалскиот играч за врска, откако францускиот клуб се договори со Баерн околу висината на трансферот, плаќајќи почетни 20 милиони евра плус евентуални пет милиони доколку се исполнат неколку клаузули од договорот.
Баерн Минхен го доведе Ренато Санчез од Бенфика како „чудо од дете“ и мега-засилување во вкупен трансфер од 80 милиони евра (35 платени веднаш, 45 условени преку неколку клаузули). Сепак, Португалецот никогаш не ги оправда очекувањата, беше испратен на позајмица во Свонси, но и таму одигра катастрофално.
Тој влезе во конфликт со Нико Ковач пред стартот на новата сезона, заработи казна од клубот, што само го забрза процесот на продажба. Лил ќе го комплетира трансферот на Санчез во следните 48 часа, со што и дефинитивно ќе биде ставен крајот на оваа неславна авантура на Португалецот на „Алијанц Арена“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА