Баерн Минхен се одлучи во престојниот преоден рок да вложи огромни суми за засилување на тимот. Прв на листата желби е Пауло Дибала за кого е подготвен да издвои дури 110 милиони евра.
Досега Баерн главно вложуваше во млади фудбалери, но по четвртата елиминација во последните пет години во полуфиналето од ЛШ се одлучува на промена на политиката на клубот.
Баерн веќе контактирал со Јувентус околу Аргентинецот, и според последните информации добил зелено светло да почне преговори за трансфер. Јувентус, а посебно Масимилијано Алегри, не се против продажба на 24-годишниот фудбалер за кого интерес постои и од Реал Мадрид и од Барселона.
Дибала оваа сезона постигна 25 гола на 42 натпревари за „Старата дама“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА