Баерн Минхен, Бенфика и Феенорд со минимални предности пред реваншите (ВИДЕО)

Баерн Минхен и Бенфика се во добри позиции да дојдат до 1/8 финалето во Лигата на шампионите, откако славеа како гости кај Селтик, односно кај Монако.

Баварскиот тим со 1-2 славеше во дуелот со тимот од Глазгов. Олисе во 45. минута успеа да донесе предност, а потоа во вториот дел Кејн да ја зголеми. Маеда во 79. минута донесе неизвесност во финишот, но Баерн не прими уште еден гол и ја задржа предноста пред реваншот во Минхен.

Феенорд славеше над Милан со 1-0 со гол уште во 3. минута од средбата. Холандскиот тим се радуваше благодарение на грешката на Мајк Мењон кој не реагираше добро при ударот на Игор Паишао. 

Бенфика истотака се доближи до следната фаза, славејќи на теренот на Монако со 0-1. Стрелец на единствениот гол беше Павлидис во 48. минута од средбата. Ал Мусрати доби црвен картон четири минути подоцна, и тоа значеше дека Бенфика има голема шанса да слави, што на крајот ја искористи.

Се вчитува...