Баерн Минхен на утрешниот натпревар против Вердер Бремен од 18. коло во Бундес – лигата, ќе биде без помошта на Тијаго Алкантара и на Артуро Видал, кои ќе отсуствуваат поради повреди. Алкантара има проблеми со бутниот мускул и започна со лесни тренинзи оваа седмица, но се уште не е потполно подготвен да земе учество на овој натпревар.
Од друга страна, пак, Видал се рахабилитира од повредата на ребрата и стратегот на „баварците“, Карло Анчелоти, не сака да ризикува со негов настап. Крилниот фудбалер, Кингсли Коман ќе биде во можност за настап на овој натпревар.
Тимот од „Алијанц арена“ моментно е лидер на табелата со 42 бода, додека пак Вердер Бремен е на 15. место со само 16 освоени бода од досегашните натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА