Баерн Минхен и Црвена Звезда ќе си ги одмерат силите денеска од 20 часот и 30 минути во Германија во 27. коло од Евролигата, а овој натпревар е клучен и за двата тима во обидот да се фати „последниот воз“ за учество во разигрувањето за место на финалниот турнир на силното натпреварување.
Двата тима ќе бидат ослабени на денешната средба. Црвена Звезда нема да може да смета на Милош Теодосиќ, Никола Топиќ и новото засилување Треј Томпкинс, додека Баерн Минхен изгледа дека ќе настапи без францускиот интернационалец Силван Франциско кој беше во одлична форма пред репрезентативната пауза притоа играјќи клучна улога за победата на минхенскиот тим во Белград против Партизан.
Баерн Минхен по 26 одиграни кола е на скор од 11-15, додека Црвена Звезда има биланс од 10 победи и 16 порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА