Карло Анчелоти се реши за лесен тренинг неполни дваесет часа по убедливата победа над Борусија Дортмунд, но трофејниот стратег сигурно зажали за оваа одлука откако остана без еден од своите најстандардни фудбалери. Имено, Матс Хумелс само дваесетина минути по стартот на тренингот остана да лежи на теренот, а лекарските прегледи само ги потврдија стравувањата дека проблемот не е наивен како оној при повредата на Роберт Левандовски од пред неколку дена.
Германскиот репрезентативец има проблем со скочниот зглоб поради што ќе паузира извесно време, точното време на отсуство ќе биде обелоденето наскоро, но јасно е дека тој ќе ги пропушти следните две четвртфинални средби од ЛШ против европскиот првак Реал Мадрид. Во негово отсуство, Анчелоти ќе се реши за тандемот Боатенг – Мартинез во одбранбената линија.
На спротивната страна проблеми со одбраната има и тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, кој за двете средби со баварскиот гигант нема да може да смета на Пепе и на Рафаел Варан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА