Баерн Минхен без Левандовски на мегдан со Селтик во Глазгов

Германскиот првак Баерн Минхен ќе биде без помошта на напаѓачот Роберт Левандовски на утрешниот натпревар од Лигата на шампионите против Селтик. Тренерот Јуп Хејнкес, по советите од медицинскиот тим, одлучи да го остави голгетерот во Минхен, и да го поштеди од напори, откако тој се пожали на болки во мускулот на средбата против Лајпциг во Бундес-лигата.

Левандовски мораше предвреме да го заврши мечот со Лајпциг, и во тој момент се чинеше дека повредата е од посериозен карактер. Сепак, дополнителните прегледи покажаа дека Полјакот ќе паузира само неколку дена. Но, тренерот Јуп Хејнкес не сакаше да ризикува со него, со оглед дека Баерн Минхен се наоѓа на втората позиција во групата, со реални шанси да избори пласман во нокаут фазата од елитното европско натпреварување.

Се вчитува...