Баерн Минхен без Нојер во следните два меча

Винсент Компани потврди дека Мануел Нојер нема да биде на голот на Баерн Минхен кога утре ќе гостуваат кај Борусија Менхенгладбах во Бундеслигата. Јонас Урбиг ќе го преземе кормилото , кој исто така ќе започне против својот поранешен тим Келн во Купот на Германија за неколку дена. Нојер е суспендиран за реваншот, па ќе одмара малку подолго.

„Јонас Урбиг ќе започне утре. Обично не кажувам ништо за мојот почетен состав, но научив дека е малку поинаку со голманите. Внимателно ја разгледавме оваа одлука. Исто така е поврзана со фактот дека Јонас ќе игра против Келн следната недела. Во тој случај, треба да има континуитет. Мануел ќе патува со нас во Гладбах, но сакаме да му дадеме шанса на Јонас пред натпреварот со Келн“, рече Компани на денешната прес-конференција.

Тренерот на „Баварците“ додаде дека на ова гостување ќе може да смета на Јосип Станишиќ и Серж Гнабри, кои беа повредени. Баерн Минхен ја бара 13-тата победа по ред во сите натпреварувања.

Се вчитува...