Баерн Минхен остана без уште еден играч пред стартот на сезоната

Баерн Минхен ќе мора да се справи некое време без младиот офанзивен играч за врска Пол Ванер поради повреда, објави баварскиот гигант.

19-годишниот офанзивен играч за врска има мала повреда на левиот зглоб, која ја доби за време на пријателскиот натпревар против Тотенхем , кој Германците го добија убедливо со 4:0. Според информациите, Ванер ќе биде надвор од теренот околу 10 дена како превентивна мерка, што автоматски го исклучува од натпреварот против Штутгарт за германскиот Суперкуп една недела подоцна, на 16 август.

Ова е уште еден проблем во нападот за Винсент Компани, особено во контекст на шпекулациите дека Кингсли Коман ќе замине во Ал-Наср . Џамал Мусијала е надвор од теренот поради долгогодишна повреда. Алфонсо Дејвис , Александар Павлович и Хироки Ито се исто така се повредени.

Ванер е дел од Баерн Минхен од 2018 година, најпрво во младинските категории, а од 2022 година е вклучен во сениорите. Но, последните две сезони ги мина на позајмици, а од оваа сезона  на него се смета сериозно во идните предизвици на „Баварците“.

Се вчитува...