Баерн Минхен го продолжува походот кон нова титула во Бундеслигата, откако со убедливи 4-0 го совлада тимот на Унион Берлин.
И покрај тоа што можеше да поведе многу порано, сепак, „Баварците“ го скршија отпорот на гостите дури во финишот од првиот дел. Најпрво Олисе во 43. минута од средбата донесе предност, а Гнабри во првата минута од судиското надополнување зголеми на 2-0.
Кејн во 49. минута се погрижи за трет гол во мрежата на Унион, а во 67. минута Гнабри успеа да ја запечати победата.
Тешки денови за некогашниот шампион Волфсбург. И покрај тренерската смена, сепак, овој тим се подлабоко тоне кон второлигашката конкреренција, откако загуби од директниот конкурент Вердер Бремен на домашен терен со 0-1.
Стрелец на единствениот гол за Вердер беше Џастин Нџинма во 68. минута од средбата.
Келн беше пред пораз од Борусија Менхенгладбах, но со доцен гол успеа да извлече бод и мечот заврши 3-3. Со ист резултат заврши и дуелот помеѓу Хаденхајм и Баер Леверкузен. На „фармацевтите“ не им беше доволно ниту водство од 0-2 со головите на Тилман и на Шик. Хаденхајм израмни преку Беренс и Пирингер. Шик донесе нова предност за гостите, но Пирингер во 85. минута ги постави конечните 3-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

