Баерн Минхен ја покажа својата класа во куп-дуелот против третолигашот Падерборн совладувајќи го на гости со 0-6, за сигурен пласман во полуфиналето на Купот на Германија. Кингсли Коман во 19.минута донесе предност за баварскиот тим, а Роберт Левандовски шест минути подоцна зголеми на 0-2. Џошуа Кимих до крајот на првиот дел постигна и трет погодок за Баерн Минхен.
Серијата продолжи во второто полувреме. Корентин Толисо стрелаше во 55.минута од натпреварот, а конечниот резултат го постави Арјен Робен со два брзи гола пред самиот крај.
Баерн Минхен во полуфиналето ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Шалке и Волфсбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА