Германскиот првак Баерн Минхен покажува интерес за да го доведе шпанскиот интернационалец Алваро Мората на „Алијанц арена“ до крајот на сезоната. Баварците сакаат да ја засилат конкуренцијата во навалната линија, но сепак покажуваат и доза на внимателност, нудејќи му шестмесечен ангажман како позајмен фудбалер.
Ваква опција понуди и шпанскиот прволигаш Севилја, но Челси одби лесно да се откаже од шпанскиот репрезентативец кој е незадоволен од скромната минутажа на „Стемфорд бриџ“. Во трка за Мората и понатаму остануваат и Реал Мадрид, Јуветус и Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА