Лука Вушковиќ е една од ретките светли точки во редовите на германски Хамбургер, а неговите извонредни настапи го привлекоа вниманието и на германскиот шампион Баерн Минхен. Баварците внимателно го следат развојот на 18-годишниот стопер, кој денес ќе игра токму против нив.
Вушковиќ, кој игра за ХСВ како позајмен играч од Тотенхем, се етаблираше како лидер на одбраната и покрај својата младост. Експертите се и тоа како импресионирани од неговите игри.
„Не можам да се сетам на некој таков сличен играч во последните десет, дванаесет години“, изјави неодамна Хаман, поранешен играч на Баерн.
„Тој е физички доминантен, опасен пред голот и има голем потенцијал. Импресивно е колку е стабилен на 18 години и како веќе ја води одбраната“, рече Хаман за дефанзивецот висок 193 сантиметри.
Бројки што го потврдуваат квалитетот
Пофалбите на Хаман се поткрепени со статистика. Во Бундеслигата, Вушковиќ добил дури 69,34 проценти од своите дуели, а особено е доминантен во воздушните дуели. За споредба, дефанзивците на Баерн, Џонатан Тах (60,94%), Ким Минџае (57,50%) и Дајот Упамекано (55,98%) имаат значително пониски проценти.
Пофалби доаѓаат и од тренерот на Баерн и поранешен играч на ХСВ, Винсент Компани.
„Тој е голем талент, а развојот во Бундеслигата е идеален за млад голман. Тоа е тешка лига, мора да бидете физички силни. Тој само треба да ги слуша своите добри тренери и не мора да прави ништо друго. Само се надевам дека нема да игра добро против нас овој викенд“ – рече Компани пред денешниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

