Баерн Минхен доби нов спортски директор

Актуелниот шампион во Бундеслигата, Баерн Минхен, го назначи Макс Еберл за нов спортски директор, соопшти баварскиот клуб.

Еберл ги помина сите возрасти на школата на Баерн, а за баварскиот тим играше три сезони. Потоа ги носеше дресовите на Бохум, Гројтер Фирт и Борусија Менхенгладбах.

Тој долги години беше директор на тој клуб, а последното работно место му беше во РБ Лајпциг каде беше сменет во септември минатата година. На новата функција тој ќе го наследи Хасан Салихамиџиќ, кој беше разрешен во мај минатата година.

„Целото мое детство и младост го поминав во Баерн, па за мене е нешто посебно да се вратам во нова улога во клубот од каде започна се. Работата на член на спортската администрација е голем предизвик на кој ќе пристапам со многу почит и понизност, но со уште поголемо исчекување. Заедно со сите овде, сакам да направам се што можам за да се погрижам Баерн да продолжи да биде успешен во иднина и да им носи радост на своите навивачи“, изјави Еберл, кој потпиша договор до 2027 година.

Се вчитува...